Ekip
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
АМАН (АА) - Во Јордан денес се погубени десет мажи кои се обвинети за тероризам, вклучувајќи напади на туристи, припадници на јорданските безбедносни сили и еден локален писател, изјави Мохамед Момани, портпаролот на владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најмасовно погубување од кога прозападниот ориентиран Јордан се пресмета со екстремистичките групи пред повеќе од две години.
Јордан е еден од клучните членови на коалицијата предводена од САД која се бори против ДЕАШ, терористичките групи кои ги контролираат соседните делови на Ирак и Сирија.
„Мажите се обесени утринава во затвор во централен Јордан. Пет други се погубени поради други злосторства”, изјави Момани.
Момани додаде дека мажите кои што денес се обесени поради тероризам биле вклучени во пет различни инциденти, од нападот на амбасадата на Јордан во Ирак 2003 до пукање на познатиот јордански писател на скали пред судницата во главниот град Аман, септември 2016 година.
Исто така наведените учествуваа во пукотница на туристите во римскиот театар во центарот на Аман. Во тој напад е убиен еден британски државјанин.