Sayed Khodaberdi Sadat
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
КАБУЛ (AA) - Во повеќе од 190 вооружен напади, изведени во текот на парламентарните избори во Авганистан, загинаа најмалку 36 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворени се гласачките места каде не се забележани напади ниту инциденти. Со тоа е завршен првиот ден од гласањето на парламентарните избори каде право на глас имаат 8,8 милиони гласачи. Граѓаните бираат помеѓу 2.558 кандидати.
Гласањето ќе биде продолжено и утре во местата каде се забележани доцнења и напади. Независна изборна комисија соопшти дека утре ќе бидат отворени 360 гласачки места, каде денеска не е завршено гласањето.
Талибаните претходно ги предупредија наставниците и учениците дека училиштата кои ќе дозволат во нив да се гласа ќе бидат мета на напади.
Парламентарните избори во Авганистан, први од 2010 година, одржани се денеска, а предизборната кампања беше одбележана со чести бомбашки напади. Минатата седмица во бомбашкиот напад на предизборниот митинг во Тахкар убиени се најмалку 22 лица. Слични напади однесоа десетици човечки животи во Хелманд и Нангахар.
Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Авганистан (UNAMA) изрази загриженост поради насилството кое се случува во пресрет на изборите во оваа земја.