Vesna Besiç
20 Октомври 2018•Ажурирај: 21 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Сѐ уште не е вратен во нормала животот на индонезискиот остров Сулавеси, кој минатиот месец беше потресен од разорен земјотрес, по кој следуваше цунами, јавува Anadolu Agency (AA).
Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени кој на 28 септември го погоди островот Сулавеси, по кој следуваше цунами, животот го загубија 2.103 лица.
Според последните податоци, потешко се повредени 2.549 лица. Акциите за пребарување и спасување завршија на 12 октомври. Според дадените информации, уништени се 65.000 куќи, а засолниште на други локации најдоа 99,471 лице.
Во земјотресот со интензитет од 9,1 степен што ја потресе Индонезија во декември 2004 година по кој следуваше цунами, животот го загубија 230.000 лица.