Ekip,Selen Temizer
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во нападите на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад во последните 41 ден загинаа најмалку 416 цивили, пишува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Цивилната заштита, од 29 декември минатата година до 5 февруари загинале 319 цивили. Меѓу нив 196 се мажи, 50 жени, 70 деца и тројца припадници на Цивилната заштита кои загинале спасувајќи цивили на терен.
Тие потсетија дека вчера, на подрачјето на Источна Гута загинале 74 цивили. Во новите напади извршени денес загинале 23 цивили, вклучувајќи шест деца. Ранети се стотици.

Вклучително со денешниот биланс, од 29 декември минатата година во Источна Гута загинале 416 цивили, меѓу кои најмалку 76 се деца. Бројот на ранетите изнесува околу 2.000.
Новинарите на АА од терен наведуваат дека жртвите воглавно се мажи бидејќи голем дел од жените и децата се наоѓаат во куќите или засолништата.
Во истиот временски период, силите на Асад и на Русија во Источна Гута извршија 1.027 воздушни напади, 4.876 артилериски како и три напади со хемиско оружје кое содржи хлор.
Источна Гута е оддалечена околу десет километри од центарот на Дамаск, кој се наоѓа под контрола на силите на Асад.
Одредени подрачја во источниот дел на Дамаск најмногу се разорени за време на седумгодишната војна. Во Источна Гута живеат околу 400.000 цивили, а речиси половина се деца. Повеќе од пет години жителите на ова подрачје се соочуваат со глад, недостаток на лекови и интензивни напади. До април минатата година трговците наразлични начини, илегални патишта и тунели, доставија храна на ова подрачје.
Меѓутоа, во последно време доставувањето на храната и лековите во Источна Гута е невозможно.
На состанокот во Астана одржан минатата година е договорено Источна Гута да биде прогласена за зона без судири.
Меѓутоа, припадниците на режимот на Асад, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година применуваат интенизивирана опсада, а во последните неколку месеци зајакнати се и нападите.
Подрачјето се соочува со длабока хуманитарна криза, а илјадници лица чекаат евакуација. За неколку стотици од нив таа е од животна важност.
Меѓнародните организации често повикуваат итно да им се помогне на жителите од Источна Гута.