Kaan Bozdoğan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - КААН БОЗДОГАН - Амбасадорот на Бангладеш во Анкара, М. Алама Сидики, истака дека односите меѓу Бангладеш и Турција се во својот најдобар период, и дека неговата земја и Турција имаат мултидимензионални односи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако ги гледате односите меѓу двете земји од минатото досега, го доживуваме најдобриот период. Со Турција имаме мултидимензионални односи. Нашите односи се унапредени во повеќе области и прашања. Започна официјалниот процес за развивање на односите во областа на економијата, трговијата, туризмот, образованието и одбраната“, нагласи Сидики во разговор со АА.
Тој истакна дека односите меѓу двете земји се прошируваат под водство на претседателите и премиерите на земјите. „Премиерката на Бангладеш (Шејх Хасина Вазед) ѝ е многу благодарна на Турција, и на лидерството што го покажа оваа земја“, вели тој.
Сидики додаде дека во Бангладеш постои голема љубов кон Турција.
„Зборот 'Турција' е многу познат збор во Бангладеш. Постои голема љубов и почит кон Турција и Турците. Го сакаме турскиот народ“, истакна амбасадорот Сидики.
Амбасадорот на Бангладеш во Анкара рече дека верува оти информирањето на луѓето за основните податоци на двете земји ќе ги зајакне врските.