Büşra Selvi Öğütcen
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - За прв пат во Австралија, домородниот абориџински судија Линколн Кроули положи заклетва во Врховниот суд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на Австралиската радиодифузна корпорација (ABC), во Врховниот суд во Бризбејн во државата Квинсленд одржана е церемонија за заклетва на абориџинскиот судија Кроули.
Во своето обраќање на церемонијата, на која присуствуваа најмалку 500 луѓе, Кроули истакна дека било потребно долго време за првпат да биде назначен на таа позиција еден домороден абориџински судија.
Истакнувајќи дека е исклучително горд, Кроули рече: „Ова е важен и историски настан за домородните луѓе во земјата.“
Кроули нагласи дека назначувањето на домороден судија во Врховниот суд е извонредно од многу аспекти, и дека исто така е важно за него да биде првиот Абориџин назначен на оваа позиција.
Како член на домородниот народ Варамунга, Кроули дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Џејмс Кук“ во 1996 година.