Mehmet Tosun
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије (Турција) спроведува интензивни дипломатски активности во земјата и странство за да ги појасни оправданите аргументи на оваа земја против членството на Шведска и Финска во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
По изјавата на претседателот Реџеп Таип Ердоган од 13 мај дека „негативно гледа на членството на Шведска и Финска во НАТО“, Туркије зазема одлучен став против вклучувањето во НАТО на земјите кои пружаат поддршка на терористичките организации.
Во тој контекст, Министерството за надворешни работи, а особено претседателот Ердоган, преку дипломатски канали ја пренесуваат „чувствителноста на тероризмот“ на земјите членки на НАТО.
Додека Министерството за надворешни работи на Туркије управува со процесот по пат на конвенционална дипломатија, Управата за комуникации на Претседателството спроведува активности на јавна дипломатија за меѓународната заедница.
Шефот на Одделот за комуникации Фахретин Алтун даде интервју за најважните весници на Шведска и Финска, а тезите кои ги брани Туркије јавно беа објавени во двете земји.
Алтун во своите интервјуа истакна дека Шведска и Финска треба да направат конкретна и трајна промена во политиката во врска со тероризмот и наведе дека учеството на двете земји во НАТО нема да биде можно ако не се решат овие легитимни грижи на Туркије.
Канцеларијата за комуникации исто така на 7 јуни организираше панел под наслов „НАТО во 21 век: предизвици, партнерства и проширување“ и го отвори прашањето за расправа во очите на домашните и странските експерти. На панелот вниманието е насочено на оправданите барања на Туркије во поглед на повеќекратните воени и политички политики кои ги спроведува сојузот.
Во текот на панелот истакнувајќи дека една од најважните мисии на НАТО е цврсто спротивставување на терористичките организации, Алтун истакна дека влезот на земјите кои не зазеле јасен став во борбата против тероризмот во сојузот исто така е закана за иднината на НАТО. Одговарајќи на критиките на сметка на Туркије, Алтун рече:
„Оние што се обидуваат да го критикуваат доверливиот сојузник како што е Туркије, во контекст на односите меѓу таквите земји кандидати и НАТО имаат целосно помрачување на умот.“
Канцеларијата за комуникации на 17 јуни во Брисел ќе одржи панел на кој ќе се расправа за „Иднината на НАТО по војната во Украина“.
Панелот ќе овозможи турските тези да се објават на целиот свет со користење на можностите и способностите на јавната дипломатија. Канцеларијата за комуникации на 28 јуни ќе организира сличен панел во Мадрид, пред одржувањето на Самитот на НАТО од 28 до 30 јуни.
Се очекува турскиот претседател Ердоган на Самитот на НАТО да нагласи дека „Туркије нема да го компромитира својот став кон земјите кои го поддржуваат тероризмот и терористичките организации“.