Alaattin Doğru
13 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот град Стразбур избувна пожар во зграда во која престојувало семејство на сириските бегалци. Во несреќата загинаа четири лица, од кои две деца и нивните родители, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во француските медиуми, околу 05:00 часот избувнал пожар на трети кат од станбена зграда во улицата Брантоме во округот Неухоф.
Во пожарот животот го загуби четиричлено семејство на сириските мигранти, вклучувајќи и две деца.
Обвинителството покрена истрага за утврдување на причините за пожарот во станот кој е во сопственост на фондација.