Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Selen Temizer
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АФРИН (AA) – Откако се појавија пропагандни вести за ситуацијата во Африн, во кои се наведува дека Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) лошо постапуваат кон цивилите во Африн, жителите на овој сириски град ги негираа таквите тврдења и порачаа дека ТСК и ССВ во Африн ги дочекуваат со добредојде, јавува Anadolu Agency (AA).
Во одредени меѓународни извештаи се наведени различни тврдења за тоа дека Турската војска и ССА го блокираат враќањето на жителите во Африн, дека формираат контролни пунктови на кои земаат пари и дека постапуваат лошо кон локалното население.
Во извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права (СНХР) објавен на 9 април, е наведено дека цивилите од Африн мора да плаќаат десетици илјади сириски лири за да се вратат во своите куќи, дека им се испорачува загадена вода, дека имаат недостаток од храна и лекови, како и дека припадниците на ССВ ги ограбуваат куќите и ги убиваат цивилите.
Сепак, снимките на новинарите на АА во Африн, како и изјавите на жителите на овој град, ги негираат овие наводи.
На снимките кои екипите на АА ги направија на влезните и излезни точки од Африн, може да се види дека ТСК и ФСА ги извршуваат неопходните контроли, со цел спречување на влегувањето на терористи во Африн.
Исто така е забележано дека токму локалното население на припадниците на ТСК и ФСА им ги пријавува или предава сомнителните лица кои се доведуваат во врска со тероризмот.
Припадниците на ТСК на жителите од Африн на дневна основа им делат 15 илјади парчиња леб и им доставуваат вода за пиење. Освен тоа, Канцеларијата за вонредни ситуации при турската Влада (АФАД) и Црвената полумесечина стасуваат до секое село во околината на Африн, а Турската војска напорно работи на деминирање на просторот кој терористите го прекриле со мини при напуштањето на Африн.
Жител на Африн по име Мухамед Мустафа, за АА рече дека е по потекло од Џиндерес и дека веќе три дена непречено влегува и излеува од Африн.
„Мојот постар брат почина во Џиндерес. Има куќа во Африн и јас веќе три дена без проблеми влегувам и излегувам од градот. ТСК и ССА се наоѓаат на контролните точки за да го контролираат влезот на сомнителните возила и да спречат случаи на грабежи“, рече Мустафа.
Мухамед Сулејман, исто така од Џиндерес, рече дека денеска стигнал во Африн.
„Нема никакви проблеми при влегување и излегување од градот. Цивилите без проблем доаѓаат до своите домови и никој не им нанесува никаква штета. Турската војска и ССА нѐ дочекуваат со зборот добредојдовте“, рече Сулејман.
Тој додаде дека сите жители на околните села ќе се вратат во своите домови.
Жител на селото Ќефер Сафра по име Халил, исто така, потврди дека нема никакви проблеми кога станува збор за влез и излез од Африн.
„Фала му на Бога, состојбата сега е многу подобра и побезбедна. Благодарејќи на контролните точки на Турската војска, состојбата е многу посигурна. Многу ѝ благодариме на Турската војска, а што се однесува до мене, би сакал тука да остане што подолго“, изјави Халил.
Во врска со тврдењата дека на населението не му се испорачува вода за пиење, цивилите порачуваат дека сите овие тврдења се неточни, и истакнуваат дека ПКК е таа која на цивилите им нанела штета.
Додека терористите престојуваа во Африн, во значајна мерка е оштетена и водоводната мрежа поради тунелот што го копаа под земја.
Жителите на Африн определен период беа без вода, но благодарејќи на активностите од Државната канцеларија за вода на Турција и Водовод и канализација на градот Хатај, жителите на Африн по еден месец повторно добија вода.