ЊУЈОРК (АА) - Фејсбук и другите големи социјални мрежи треба да бидат регулирани со цел да се заштити употребата на приватни информации, протекување на приватни податоци и да се зачува индивудалната приватност на корисниците, велат експертите во разговор за Anadolu Agency (AA).
Прашањето за приватноста на корисниците на социјалните медиуми стана главна тема во текот на претходните недели по извештаите дека британската компанија Кембриџ Аналитика без согласност ги користела приватните податоци на 87 милиони корисници на Фејсбук за критичко политичко гласање во таа земја и САД.
„Добра идеја е да постои некоја регулатива. Како што видовме, овие компании имаат огромна моќ“, вели д-р Бил Хау, доцент по информатика на Универзитетот во Вашингтон.
„Луѓето мора да разберат. Се што правиш онлајн се следи. Постојат дигитални профили направени врз основа на однесувањата на луѓето кои што се продаваат на компании и т.н.,“ додаде тој.
Иако многу корисници на социјалните мрежи ширум светот беа шокирани со ваквите извештаи, Хау изјави дека прашањето не е само присутно во технолошката индустрија, но се случува многу долго време.
„Тука не се работи само за Фејсбук или Кембриџ Аналитика. Тоа е инцидент што го отвори разговорот за оваа фундаментална тензија помеѓу бизнис моделот на многу од овие компании и потребата на луѓето за податлива приватност“, рече тој, привлекувајќи внимание кон неетичкиот аспект на скандалот за протокот на податоци од Фејсбук.
„Една работа која не беше етичка во врска со овој случај е фактот дека апликацијата која беше развиена да им поставува прашања на корисниците за дозвола на нивните податоци беше понудена под изговор поддршка за академско истражување. Но, исто така, таа требаше да им биде продадена на тие компании“, појасни Хау.
Александр Коган, истражувач на универзитетот Кембриџ, во 2013 година на Фејсбук креираше апликација на која се прави квиз за личноста, инсталирана од страна на 300.000 корисници кои ги споделија своите податоци како и податоците на нивните пријатели.
Во 2015 година, Коган ги сподели информациите од апликацијата со Кембриџ Аналитика. Фејсбук минатиот месец објави дека тоа било против нивната политиката за програмерите да споделуваат податоци без согласност на корисниците.
Од Фејсбук рекоа дека веднаш ја забраниле апликацијата на Коган од нивната платформа и побарале од Коган и Кембриџ Аналитика официјално да потврдат дека ги избришале сите несоодветно стекнати податоци.
Иако Кембриџ Аналитика му одговорија на Фејсбук дека го сториле тоа, сепак стекнатите податоци беа искористени за Брегзит и изборите во САД во 2016 година.
- Повик за транспарентност и одговорност -
„Ниту еден кој ги разбира социјалните медиуми од практична гледна точка не е изненаден од она што можеше да го направи Кембриџ Аналитика“, рече Лиса Лоу, асистент професор по односи со јавноста на техничкиот универзитет во Тексас.
„Еден просечен Американец е прилично наивен во поглед на она што тие го очекуваат од платформата на социјални медиуми како Фејсбук ... просечниот американски корисник на Фејсбук не ги разгледува тие работи, кога тие минуваат низ нивниот секојдневен живот“, додаде таа.
Лоу изјави дека неодамнешниот инцидент бил апел за поголема транспарентност и ги повика корисниците на интернет да бидат повнимателни што споделуваат, како се однесуваат на социјалните медиуми и пред сѐ, да постапуваат поодговорно.
„Ние сметаме дека виртуелниот простор во кој живееме е приватен, а тоа најверојатно не е така... Секогаш кога имате пристап до вакви апликации, вие споделувате по нешто за себе. На тој начин вие отворате врата, можеби малку на почетокот но таа полека станува широко отворена“, појасни таа.
„Тоа не е само нешто за што е виновен Фејсбук. Секако, Снепчет, Инстаграм и Твитер, до одреден степен, ги копаат нашите податоци секоја секунда секојдневно ... Мислиме дека е бесплатно, нема ништо бесплатно. Вие ги давате вашите податоци. Треба да бидеме повеќе информирани како корисници“, тврди Лоу.
- Невозможно е да регулираш нешто што не го разбираш -
Лоу истакна дека би било голем предизвик да се регулира Фејсбук, но додаде дека очекувањето да се регулира Фејсбук сам по себе е нешто 'наивно'.
Регулациите станаа главна тема по сведочењето на Закерберг пред Конгресот на САД и Домот на претставници.
Повеќето гледачи станаа свесни за фактот дека постои широк простор на перцепција меѓу пратениците и соосновачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, во врска со тоа како работи Фејсбук и што компаниите на социјалните медими можат да прават.
„Бев навистина импресионирана од неговото присуство. Тој беше многу учтив и внимателен“, изјави Рој Коен, советник за кариера во Њујорк и автор на книгата Водичот за опстанок на професионалци на Вол Стрит (The Wall Street Professional's Survival Guide).
„Треба да се земе в предвид дека поединците на кои Закерберг им се обраќаше во голема мерка се две генерации постари од него. Тие се постари граѓани. Основната технологија не е нешто што тие нужно ќе го разберат. Значи, ги погледна директно во очи, беше многу директен во неговите одговори. Тој беше многу професионален и многу зрел“, изјави Коен.
Лоу рече дека техничките детали за социјалните медиуми можат да бидат многу комплицирани, а на пратениците им треба некој кој ќе им ја објасни комплексноста на таа индустријата, доколку сакаат тоа да го регулираат.
„Невозможно е нешто да регулиташ кое не го разбираш. Очигледно е дека Закерберг одговараше на прашањата за дел од нас во технолошкиот сектор, но тие незнаеја кои прашања да му ги постават“, рече Лоу.
Таа препорача дека службениците можеби ќе треба да се запознаат со експертите во образовниот или технолошкиот сектор, со цел формираат комисија, доколку одлучат да ги спроведат прописите.
Коен рече дека недостатокот на време бил проблем во сведочењето на Цукерберг, бидејќи секој пратеник добил четири до пет минути за да ги постави своите прашања и да ги чуе одговорите на извршниот директор на Фејсбук.
„Како технолог, тој можеше да посвети многу повеќе време да ги открие мистериите на Фејсбук, но тоа би било тешко разбирливо за оваа група“, рече Коен.
„Сенаторите ќе поставеа прашање за кое беше потребен исцрпен одговор, па затоа тој мораше многу адекватно да посвети внимание на најкритичното прашање за технологијата и да понуди својот тим кој ќе даде објаснување по сослушувањата. Тоа беше многу вешта техника“, објасни Коен.
- Регулативата за заштита на личните податоци на ЕУ може да помогне во регулациите во САД -
Д-р Хау појасни дека за време на сведочењето, Закерберг, кој беше запрашан кој тип на регулативи се применливи за компаниите на социјалните медиуми, бил ставен во позиција, во неговиот одговор да биде претставник на сите компании на социјални медиуми.
„Тој ја презеде вината за она што сите го прават цело време“, рече Хау, земајќи го в предвид фактот што извршниот директор на Фејсбук, за време на неговото сведочење изјавил дека е неизбежна некаква регулатива во индустријата за социјални медиуми.
„Еден пример што можеме да го разгледаме е Регулативата за заштита на општите податоци во Европа. Ова е доста ефикасна регулатива и е од широк опсег за тоа каква контрола треба да имаат поединците врз нивните податоци и како тие можат и не можат да се користат“, рече д-р Хау.
„Верувам дека ќе дојде до регулативи и верувам дека GDPR ќе има силно влијание врз она што го гледаме. Центарот на гравитација на овие регулативи ќе бидат работи од типот 'На никој не му е дозволено да ги користи моите податоци за ништо', додаде тој.
Регулативата за заштита на општите податоци е закон на Европската унија (ЕУ) за зачувување на приватноста на поединците и заштита на нивните податоци од незаконска употреба.
По неговотто спроведување на 25 мај, граѓаните на ЕУ ќе можат да ја преземат контролата врз нивните лични податоци.
Сепак, д-р Хау предупреди дека Регулативата за заштита на општите податоци, која е сеопфатна, може да им наштети на новоформираните фирми и на малите технолошки компании во САД - детал кој Закерберг го истакна за време на сослушувањето пред Конгресот.
„Големите и силни регулативи во тешка категорија, непропорционално влијаат на помалите компании, наместо на поголемите. Многу е скапо да се биде во согласност со овие закони, како што е Регулативата за заштита на општите податоци, кој е убедлив и сеопфатен“, рече д-р Хау.
Тој нагласи дека големите компании на социјални медиуми, како Фејсбук, носат поголем ризик, бидејќи можат да предизвикаат поголема штета.
„За помала компанија, постои граница за тоа колку штета може да направи. Во раните фази, ризикот е мал, а потребата за иновации е висока“, рече д-р Хау.
„Се надевам дека (регулативите во САД) ќе се приспособат на фактот дека помалите компании се помалку опремени за да бидат потполно во согласност со овие строги закони“, заклучи тој.
news_share_descriptionsubscription_contact
