Haydar Karaalp
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Во Багдад, главниот град на Ирак, безбедносните сили интервенираа со звучни бомби и солзавец врз антивладините демонстранти кои сакаа да се приближат до Зелената зона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите кои сакаа да протестираат против Владата поради невработеноста и корупцијата во земјата, во раните утрински часови се собраа на плоштадот „Тахир“ во централниот дел на Багдад. Демонстрантите сакаа да се приближат до Зелената зона, каде што се наоѓаат владините згради, но се соочија со жестока интервенција од безбедносните сили.

Безбедносните сили користеле солзавец и звучни бомби за да ги растераат демонстрантите.
Во Багдад, безбедносните сили синоќа фрлија звучни бомби врз групата демонстранти кои сакаа да влезат во Зелената зона.
Зелената зона во главниот град е позната како центар на владините згради, Парламентот и странските дипломатски мисии.
Покрај во Багдад, демонстрации започнаа и во јужните градови на земјата.