Ekip?
18 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Авганистанските сили за безбедност започнаа опсежна антитерористичка операција по вчерашниот напад на терористите на ДЕАШ врз државната телевизија. Во изминатите 24 часа беа убиени најмалку 102 милитанти, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанската војска, бригадир Шер Агха, соопшти дека се убиени најмалку 18 терористи во операциите изведени во областа Чапанхар од провинцијата Нангархар, каде што вчера терористите на ДЕАШ извршија напад врз зградата на државната телевизија.
Истовремено, Министерството за одбрана на Авганистан денес соопшти дека во операциите во 18, од вкупно 34 провинции во Авганистан, убиени се најмалку 87, а ранети се 27 вооружени милитанти.
Терористите на ДЕАШ вчера извршија оружен и бомбашки напад врз зградата на Авганистанската радиотелевизија (RTA) во градот Џалалабад, во кој животот го загубија најмалку 10 лица, меѓу кои и двајца од напаѓачите. Зградата на телевизијата се наоѓа во центарот на градот, во близина на објектите на градската и регионалната управа.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за вчерашниот напад. Тоа е петти напад во изминатите 6 месеци во Авганистан, за кој одговорноста ја презема ДЕАШ.