Ali Cura
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
КИЕВ (AA) - Украинската полиција во Киев го уапси членот на терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведоа, се работи за припадник на терористичката организација кого го бара Интерпол.
Полицијата на Киев потврди дека на подрачјето на Киев е изведена акција во која се уапсени четири лица. Наведоа дека меѓу нив се наоѓаат државјани на Киргистан и Таџикистан.
Утврдено е дека меѓу нив се наоѓа припадник на ДЕАШ кој е осуден на 12 години затвор. Полицијата заплени експлозив и оружје.