свет

Казанџи го осуди случајот на повредувањето на фоторепортерот на АА на протестите во Париз

„Ги повикуваме француските безбедносни сили да го почитуваат овој принцип и да постапуваат одговорно. Исто така ги повикуваме француските власти да започнат со истрага за одговорните лица и да се спроведат потребните казни“, истакна Казанџи

Ekip  | 06.12.2019 - Обновена : 06.12.2019
Казанџи го осуди случајот на повредувањето на фоторепортерот на АА на протестите во Париз

АНКАРА (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на Агенцијата Анадолу (АА) Шенол Казанџи, истакна дека се многу тажни поради повредата на фоторепортерот на АА, Мустафа Јалчин за време на протестите во Париз, главниот град на Франција.

Во писмена изјава, Казанџи истакна дека фоторепортерот Јалчин е повреден за време на својата задача директно да ги пренесува вестите од местото на настанот.

„Му посакувам што побргу да оздрави. Процесот на лекувањето ќе го следиме внимателно“, истакна Казанџи.

Нагласувајќи дека се длабоко загрижени од повредата на Јалчин во окото, Казанџи потсети дека фоторепортерот има двојно државјанство и турско и француско и дека има многу награди во својата професионална кариера.

Казанџи исто така потсети дека Јалчин има голем број на фотографии кои се објавени во меѓународните медиуми и дека тој е авторот на фотографијата на турските национални фудбалери кои испратија поздрав до турските војници кои учествуваат во операцијата „Извор на мирот“.

Истакнувајќи дека гасна капсула исфрлена од страна на француските безбедносни сили го погодило левото око на фоторепортерот, Казанџи рече: „По интервенцијата на лице место од страна на здравствените работници, оперирано е окото на Јалчин во болницата „Cochin“. Јалчин е во свесна состојба, а неговото лекување продолжува во болницата.“

Тој наведувајќи дека Агенција Анадолија бара од француските институции да истражат дали има намера во овој тажен настан рече дека правното одделение на Агенцијата ги направила своите подготовки за да се заштитат законските права на Јалчин.

„Мустафа Јалчин е повреден како резултат на насилството на француската полиција за време на извршувањето на задачата. Во истиот ден заедно со него повредени се уште двајца новинари. Ние остро ги осудуваме нападите на француската полиција врз новинарите. Еден од основните елементи на демократијата е припадниците на медиумите да ги извршуваат своите должности безбедно и слободно", нагласи Казанџи.

„Ги повикуваме француските безбедносни сили да го почитуваат овој принцип и да постапуваат одговорно. Исто така ги повикуваме француските власти да започнат со истрага за одговорните лица и да се спроведат потребните казни“, додаде Казанџи.

Генералниот директор Казанци, во соопштението упати благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на амбасадорот на Турција во Париз, Исмаил Хаки Муса и на сите други кои ја истакнале својата поддршка за ова прашање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.