Tufan Aktaş
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, започна дводневниот Африкански регионален форум за одржлив развој, организиран од страна на Обединетите нации (ОН), на кој учествуваат голем број африкански министри и експерти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на овој форум ќе се дискутира во врска со постигнатото и за чекорите што треба да се преземат околу целите на одржливиот развој на овој континент.
Генералниот секретар на Економската комисија на ОН за Африка, Вера Сонгве, во својот говор на отворањето на форумот нагласи дека целта на настанот е да се откриваат потребните чекори и проекти што треба да се направат за да се обезбеди одржлив развој. Сонгве истакна дека на состаноците ќе се разговара и во врска со нееднаквоста и невработеноста којашто се зголемува на овој континент.
- Невработеноста е голем проблем
Од друга страна, на учесниците им бил поделен извештај во врска со Африка, подготвен од страна на ОН.
Во овој извештај е наведено дека невработеноста е еден од најголемите проблеми со кои континентот Африка ќе се соочува во следните години.
Според овој извештај, невработеноста паралелно ќе се зголемува со порастот на бројот на населението, и дека до 2050 година, 60 отсто од африканското население ќе биде на работоспособна возраст. Иста така, во 2050 година, како што се вели во извештајот, еден од четворица вработени во светот ќе биде Африканец.
Според извештајот, во рок од 10 години Африка треба да обезбеди нови работни места за 110 милиони лица, а во последните 10 години, остварени се само 37 милиони нови вработувања.