Ecem Şahinli Ögüç
28 Јули 2023•Ажурирај: 01 Август 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во индискиот град Керала 11 жени, кои од собраните средства купиле лоз, на лотарија освоиле над 1,2 милиони долари, пренесува Анадолу.
Според веста што ја објави „Тајмс оф Индија“, 11 жени кои од домови и претпријатија собирале смет за рециклирање за да заработат за живот, на лотарија освоиле 1.215.650 долари.
Добитничките на наградата изјавија дека парите што ги заработиле на лотарија ќе ги потрошат на изградба на куќи, отплаќање долгови и школување на децата и додале дека ќе продолжат да купуваат лозови на лотарија.