Ekipa
29 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
ТУНИС (АА) - Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека женско лице се разнело во центарот на главниот град на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Цел на експлозијата беше полициско возило на авенијата „Хабиб Бургиба“ во Тунис“, изјави за АА портпаролот на Министерството, Суфијан Заг.
„Жената бомбаш загина во експлозијата што повреди девет други луѓе, вклучувајќи осум полицајци“, додаде тој.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Припадниците на безбедносните сили го затворија подрачјето по експлозијата.