Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet,Ethem Emre Özcan
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ИДЛИБ (АА) - АХМЕТ КАРААХМЕТ/БУРАК КАРАЏАОГЛУ -
Најмалку 13 лица загинаа во операција на американските сили утринава во сириската покраина Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенција Анадолија (АА) дојде до најблиските очевидци на операцијата спроведена од САД со поддршка на воен авион Ф-16 и хеликоптер во една куќа во близина на селото Атма во Идлиб, северозападна Сирија.
Мајка од сириски Идлиб, една од најблиските очевидци на операцијата на американските војници во Идлиб, раскажа за моментите на нападот.
„Кога пристигнаа авионите, ние спиевме. Вратите и прозорците беа скршени од експлозии и истрели. Потоа со мегафони бараа да излезат луѓето од првата, втората и третата куќа. Ни рекоа: ‘Доколку не излезете во рок од 10 минути, ќе ви ја уништиме куќата и ќе умрете.’“
„Ми ги зедоа децата, а мене ми ги врзаа рацете. Во меѓувреме почнаа да нѐ прашуваат за некои луѓе. Нѐ испрашуваа. Сакаа да ми ги земаат децата и ми поставуваа прашања. Јас морав да одговарам тоа што ќе ми дојдеше прво на ум за да не ми ги земат децата“, раскажа жената.
Мајката од Идлиб, истакнувајќи дека доживеале голем страв со сопругот и децата, рече: „Мојот сопруг веднаш излезе од куќата. [Американските војници] го легнаа мојот сопруг на стомак и му ставија лисици. Се уплашив кога го видов легнат и повторно влегов внатре. Тие ми викнаа: ‘Излези надвор или ќе умреш! Извади ги и децата и марамата од главата. Ако се движиш, ќе умреш!“
- „Ми ги зедоа децата и ми ги врзаа рацете“ -
Истакнувајќи дека исфрлиле ракети затоа што не ја напуштила куќата, жената додаде: „Ми рекоа: ‘Ќе бидеш безбедна.‘ Откако мојот сопруг ми рече да излезам, излегов од куќата. Кога се доближив до нив, кон мене се упатија пет луѓе. Ми ги зедоа децата, а мене ми ги врзаа рацете. Во меѓувреме почнаа да нѐ прашуваат за некои луѓе. Нѐ испрашуваа. Сакаа да ми ги земаат децата и ми поставуваа прашања. Јас морав да одговарам тоа што ќе ми дојдеше прво на ум за да не ми ги земат децата.“
Рече дека меѓу американските војници имало лице кое зборувало со ирачки акцент, жената додаде дека со часови биле испрашувани и не им било дозволено да влезат во нивните домови.