Elena Teslova
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Русија денеска му забрани на германскиот медиум „Дојче веле“ (Deutsche Welle) да емитува програма во земјата, во знак на одмазда поради одлуката на Германија да го блокира рускиот телевизиски канал РТ ДЕ (RT DE), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Русија во соопштението наложи затворање на канцеларијата на „Дојче веле“ во Москва, главниот град на Русија, како и укинување на акредитациите на сите негови дописници и прекин на какво било емитување на програма во Русија.
Покрај тоа, како што наведува руското Министерство, надлежните органи ќе започнат процедура со која „Дојче веле“ би бил прогласен како медиум кој „извршува функции на странски агент во Русија“.
Министерството соопшти дека ова е првата фаза на одговорот на Русија, напоменувајќи дека почнале со ставање на список поединци и организации вклучени во забраната за емитување на програмата на РТ ДЕ во Германија.