Aydoğan Kalabalık
18 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во железничка несреќа во египетскиот град Калјубиа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Патнички воз, кој сообраќал на релација Каиро-Мансура, излета од шините во градот Калјубиа, при што се превртеа четири вагони , соопштено е од Женезниците на Египет.
Според информациите на службеник од оваа институција, чие име не е споделено, во несреќата загинале најмалку осум, повредени се повеќе од 100 лица.
На местото на несреќата стигнаа голем број возила на итната помош.
Во Египет на 26 март се случи железничка несреќа во која загинаа 32, а повредени се 66 лица.