Abidin Mutlu Bozdağ
19 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Аеродромот Истанбул во Турција ја задржа водечката позиција со просечни 64 летови дневно во период од 8 до 14 април, објави Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според најновиот извештај за летови, аеродромот Истанбул го следеа „Шарл де Гол" во Париз со 478 летови и Франкфурт со 474. Аеродромот на Амстердам го зазеде четвртото место со 451 лет.
Мадридскиот аеродром „Барахас" е пети со 414 дневни летови, а следува аеродромот Сабиха Ѓокчен, уште еден аеродром во Истанбул, со 345 летови.
Меѓу десетте аеродроми кои забележаа најголем сообраќај во Европа е и лондонскиот Хитроу - 348, Палма де Мајорка 242, Минхен 233 и аеродромот во Атина 218.
Седум од 10 најдобри аеродроми во Европа забележаа пад на прометот во последните две седмици, се наведува во извештајот.