Hasan Esen
09 Декември 2016•Ажурирај: 10 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Портпаролката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ) Маја Коцијанчиќ призна дека се неуспешни во борбата против терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето дека иако ПКК е ставена на листата на терористички организаци, таа и натаму продолжува со своите активности во Европа, Кочијанчик истакна дека продолжува истрагите во врска со тоа. „Ставањето на ПКК на листата на терористички организаци претставува мерка за борба против тероризмот. За жал ова борба сѐ уште продолжува. За жал ова значи дека ние тука сѐ уште не сме успеале во борбата со тероризмот. Ова борба продолжува многу јасно и со јасна намера“ рече таа.
Турција ја обвинува ЕУ за недоволна подршка во борбата со тероризмот. И ЕУ често упатува критики до Турција поради операциите врз ПКК и ФЕТО.
ПКК низ Европа собира пари и се обидува да обезбеди припадници. На телевизиските канали на организацијата низ цела Европа, припадниците на терористичката организација слободно можат да се обраќаат.
Анкара реагираше на ЕУ дека не презема никакви акции против ПКК, иако истата се наоѓа на листата на терористички организации. Исто така официјална Анкара реагираше за средбата на Председателот на Европскиот парламет Мартин Шулц и Одговорниот за проширување на Евопксата Комисија Јоханес Хан со пратеникот на ХДП од Ширнак Фајсал Саријилдиз, за којшто се појавија снимки како им носи оружје на ПКК.
Овие постапки на ЕУ и нејзините членки од страна на Анкара се оценуват како „подршка на тероризмот“.