Tufan Aktaş
28 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Во западниот дел на Етиопија, во подрачјето на Гамбела избувнаа етнички судири во кои животот го загубија 12 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави државната телевизија на Етиопија, 12 лица ги загубија животите во судирите што избувнаа по убиството на еден локален претставник на власта, а ранети се голем број лица.
Во судирите оштетени се приближно 400 куќи, а 7.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Полицијата на Гамбела приведе 6 лица за кои е утврдено дека се вмешани во судирите.
Последните две години во подем се етничките судири во Етиопија, поради кои стотици илјади лица мигрираа, а стотици лица ги загубија своите животи.