Aydoğan Kalabalık
28 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Министерот за внатрешни работи на либиската Влада на национално единство (UMH), Фетхи Башага, истакна дека соодветно ќе реагираат на милицијата поврзана со водачот на нелегитимните вооружени сили, Калифа Хафтар, од истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Башага во изјавата за либиската телевизија „Ферајир“ нагласи: „По ова нема да молчиме. Ќе ги нападнеме сите позиции на Хафтар јужно од Триполи.“
- „Зад нападите стојат Русите“ -
Посочувајќи дека немаат друг начин за да ги оддалечат милициите на Хафтар од околината на Триполи, освен да објават напади, Башага нагласи: „Имаме сигурни информации дека Русите стојат зад нападите во Триполи.“
Како резултат на нападите на Хафтар со 25 ракети, денес во утринските часови избувна пожар во хангар на аеродромот „Митига“, единствената порта на Триполи кон светот.
Летовите на аеродромот, кои беа прекинати по нападот, сѐ уште не се започнати.