свет

Етиопија: Повеќе од 2.000 камиони со помош за Тигрaј не се вратија назад

- Владата на Етиопија соопшти дека враќањето на камионите со помош испратени за цивилите погодени од конфликтот на северот на земјата се спречени од Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF), кој се побуни против централната власт

Gökhan Kavak  | 30.06.2022 - Обновена : 02.07.2022
Етиопија: Повеќе од 2.000 камиони со помош за Тигрaј не се вратија назад Фото: Илустрација / АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Владата на Етиопија соопшти дека враќањето на камионите со помош испратени за цивилите погодени од конфликтот на северот на земјата се спречени од Народноослободителниот фронт на Тиграј (TPLF), кој се побуни против централната власт, пренесува Агенција Анадолија (АА9.

Етиопскиот министер за комуникации, Легесе Тулу, даде изјава за помошта испратена на северот на земјата.

Тулу истакна дека 2.000 од камионите со помош што Владата и хуманитарните организации ги испратија во градот Мекеле во Тиграј, не се вратени назад.

Тврдејќи дека камионите со помош биле задржани од ТПЛФ, Тулу нагласи дека 7.000 камиони со помош стигнале до регионот.

Тулу додаде дека камионите со помош ТПЛФ ги користи за воени цели.

Конфликтите меѓу Армијата и ТПЛФ во Етиопија кои продолжуваат од ноември 2020 година доведоа до голема хуманитарна криза.

Во конфликтот, кој се прошири и во соседните држави на Тиграј, раселени се околу 2,5 милиони луѓе.

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, во својот говор пред Парламентот на 14 јуни ја сподели информацијата дека Владата формирала комитет за мировен процес.

ТПЛФ, кој се побуни против централната Влада во Етиопија и предизвика граѓанска војна, побара Кенија да биде посредник за мировните разговори со етиопската Влада на 15 јуни.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.