Beyza Binnur Dönmez
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МАДРИД (АА) - Протоколот за пристапување на Шведска и Финска во НАТО ќе биде потпишан во вторник, соопшти денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние официјално ќе го потпишеме пристапниот протокол во вторник, во присуство на министрите за надворешни работи на Шведска и Финска, но одлуката е веќе донесена“, рече Столтенберг за време на неговата последна прес-конференција на Самитот во Мадрид.
По потпишувањето, протоколот мора да биде ратификуван од сите 30 парламенти на земјите сојузнички за да им се овозможи на двете земји да станат дел од НАТО.
Нордиските земји беа официјално поканети во Алијансата по трилатералниот Меморандум потпишан од Туркије, Финска и Шведска во вторникот.
Меморандумот се однесува на загриженоста на Туркије во оснос на борбата против тероризмот, како и за извозот на оружје.
Осврнувајќи се на војната на Русија во Украина, Столтенберг рече: „Путин мора да ги повлече неговите сили и да стави крај на војната веднаш.“
„НАТО мора да обезбеди поддршка за Украина, но исто така, има соодговорност и да спречи ескалација надвор од Украина“, порача тој.
„Ако ова ескалира во војна помеѓу НАТО и Русија, ќе видиме страдање, штета и смрт во размери кои не сме ги виделе досега“, додаде челникот на НАТО.