свет

Еспер: „САД се немаат заложено со СДГ за борба против НАТО сојузник“

„Борбата против долгогодишниот НАТО-сојузник (Турција) не беше дел од нашата заложба со СДГ“

Ekipa  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Еспер: „САД се немаат заложено со СДГ за борба против НАТО сојузник“

КАБУЛ (АА) - Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) не се заложиле со т.н Сириски демократски сили (СДГ) во Сирија за борба против долгогодишниот сојузник во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Борбата против долгогодишниот НАТО-сојузник (Турција) не беше дел од нашата заложба со СДГ“, изјави Еспер на прес-конференцијата во авганистанскиот главен град, Кабул, додавајќи дека заложбата со Курдите била да се уништи ДЕАШ, но дека секоја идна заложба бара поширока политичка рамка.

Терористичката група ЈПГ/ ПКК во Сирија го користи акронимот СДГ, како маска за добивање американска поддршка.

Еспер истакна дека задржувањето на одреден број американски трупи во североисточна Сирија во близина на нафтените полиња е една од опциите за да се одбиe добитта на ДЕАШ од тие полиња.

Тој, исто така, пред властите во Владата истакна дека наглото повлекување на силите не е добро, велејќи дека намалувањето на трупите се заснова на мировниот договор со Талибанците.

Поддржан од неговиот авганистански колега Асадула Халид, американскиот секретар за одбрана на прес-конференцијата изјави дека за разлика од Сирија, САД имаат долгогодишни обврски во Авганистан, дека инвестирале милијарда долари и се жртвувале во Авганистан за да ги уверат Авганистанците во врска со нивната иднина.

САД има речиси 14.000 војници на авганистанско тло. Покрај антитерористичките операции, американските трупи, исто така, се вклучени во обуки и советување на безбедносните сили на Авганистан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın