свет

Зелените партии со историски резултат на изборите во Швајцарија

Околу 5,4 милиони гласачи вчера избираа 245 члена на Парламентот, и тоа 200 во Долниот дом (Националниот совет) и 45 во Горниот дом (Државниот совет)

Ali Murat Alhas  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Зелените партии со историски резултат на изборите во Швајцарија

ЖЕНЕВА (АА) - Зелените партии во Швајцарија се покажаa одлично на парламентарните избори, според првичните извештаи на истражувачка институција, пренесува Anadolu Agency (AA).

„GfS Bern“ предвидува дека Зелената партија (GP) ги зголемила своите гласови до 13 отсто, постигнувајќи го својот најголем успех, 6 отсто повеќе гласови од изборите во 2015 година.

Гласовите на Зелената либерална партија (GLP) се очекува да достигнат 7,6 отсто, а партијата привлече 4,6 отсто гласови повеќе од изборите во 2015 година.

Антиимиграциската Швајцарска народна партија (SVP) од друга страна изгуби 3,8 отсто гласови помалку од претходните избори, но остана како водечка партија. СВП на претходните избори имаше освоено 29,4 отсто од гласовите.

Социјалдемократите се очекува да се втори на изборите со освоени 18,8 отсто од гласовите.

Лукас Голдер, претставник на „GfS Bern“, го оцени успехот на зелените партии како изненадување кое ги надминало очекувањата.

Околу 5,4 милиони гласачи вчера избираа 245 члена на Парламентот, и тоа 200 во Долниот дом (Националниот совет) и 45 во Горниот дом (Државниот совет).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın