свет

Ерусалим: Џамијата „Ал Акса“ ќе биде затворена 3 недели поради Ковид-19

„Верниците и посетителите нема да можат да ја посетуваат џамијата бидејќи од петок ќе биде затворена на период од три недели поради пандемијата на Ковид-19“

Ekipa  | 16.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Ерусалим: Џамијата „Ал Акса“ ќе биде затворена 3 недели поради Ковид-19

ЕРУСАЛИМ (АА) - Џамијата „Ал Акса“ ќе биде затворена три недели поради пандемијата на Ковид-19, се соопштува од Управата на исламскиот вакаф во Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Верниците и посетителите нема да можат да ја посетуваат џамијата бидејќи од петок ќе биде затворена на период од три недели поради пандемијата на Ковид-19“, изјави Хатем Абдел Кадер, член на Управата на исламскиот вакаф во Ерусалим.

Тој рече дека џамијата ќе остане отворена за повикот на молитва, чуварите на џамијата и персоналот.

Според палестинските здравствени власти, бројот на заразени во Ерусалим од јуни досега изнесува 8.000.

Џамијата „Ал Акса“ кон крајот на март беше затворена на два месеци.

Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15% од површината на старото јадро на Ерусалим, кој е под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.

По џамијата „Месџид ел Харам“ во Мека и „Месџид ел Небеви“ (Џамија на Пратеникот) во Медина, „Ал Акса“ е трето место по важност за муслиманите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın