Eshat Fırat
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Денес десетици илјади муслимани ја клањаа празничнаата молитва Бајрам-намаз во џамијата Ал Акса во Ерусалим, и така го дочекаа големиот муслимански празник Курбан Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).
Од рано утринава, околу комплексот на џамијата Ал-Акса можеа да се видат долги редови верници кои присигнуваа на Бајрам-намаз.
Во комплексот на џамијата Ал-Акса, пред Бајрам-намаз се слушаше читањето на делови од Куранот.
Бајрамската молитва во Ерусалим ја предводеше имамот на џамијата Ал Акса, шеик Јусуф Абу Сунејне, а тој во своето обраќање пред верниците се осврна и на неодамнешните израелски напади на џамијата Ал Акса.
„Погледнете ја само израелската политика на рушење, приведување, напади и вршење притисок. Високите даноци и маките што им ги задаваат на муслиманите во Ерусалим станаа неиздржливи. Ова насилство не може да продолжи“, порача Сунејне.
Во заедничката молитва на крајот од Бајрам намаз, муслиманите кажаа молитва за спас на џамијата Ал Акса, но и за единството на сите муслимани во светот. По Бајрам-намаз, тие едни на други си го честитаа празникот Курбан-бајрам.