Vesna Besiç
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АРАКАН (АА) - Мјанмарската војска продолжува со акциите против цивилите, а муслиманите од Аракан се обидуваат да најдат спас во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (АА).
Голем број муслимани од Аракан бегаат од нападите и се движат кон границата со Бангладеш. Во многу тешки услови, со товар на грбот, тие пешачат по вода водејќи ги децата со себе.
Според Обединетите нации (ОН), повеќе од 27.000 муслимани од Аракан пристигнаа во Бангладеш, а на границата чекаат уште 20.000.
Голем број организации за заштита на човековите права, вклучувајќи ја и Amnesty International (Амнести интернешнал), масакрите во Аракан ги нарекуваат геноцид, а пораки на осуда пристигнаа од целиот свет.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа, Анита Шунг, во понеделникот изјави дека армијата на Мјанмар за три дена убила меѓу две и три илјади муслимани во нападите извршени во Аракан.
Според официјалните податоци и извештаите на Обединетите нации, Рохинџа муслиманите се најранливото национално малцинство во светот. Муслиманите Рохинџа немаат своја држава и нивните права се значително ограничени.