Mehmet Nuri Uçar
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
АЛ КУДС (АА) – Во комплексот на Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим) молитва по повод Курбан бајрам извршија речиси 150.000 верници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Муслиманите низ светот денеска го одбележуваат првиот од четирите дена на Курбан бајрам, а верниците ја извршија бајрамската молитва во комплексот Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.
Канцеларијата за исламски вакуф во Ал Кудс соопшти дека на утринската бајрамска молитва присуствувале речиси 150.000 верници од Палестина и други делови од светот.
По молитвата следуваше традиционално честитање и честење со слатки.
Од друга страна, палестинската новинска агенција ВАФА јави дека израелската полиција од синоќа е распоредена во старото јадро на Источен Ерусалим.
Израелската полиција вршела контрола на влезот во комплексот Ал Акса и не дозволила влез за многу Палестинци.