Ahmet Furkan Mercan
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ТОКИО
Во јапонската префектура Кагошима дојде до ерупција на вулканот Отаке што се наоѓа на островот Суваносеџима, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави јапонската Агенција за метеорологија, во 2:57 часот по локално време дошло до ерупција на вулканот, по која карпести делови од вулканот биле расфрлани во неговата околина во радиус од 1 километар.
Во веста што ја објави агенцијата „Кјодо“, заснована врз информации на локалните власти, се истакнува дека нема загинати ниту повредени лица во населените места сместени околу вулканот.
Јапонската Агенција за метеорологија соопшти дека нивото на предупредување за „населението да не се приближува до вулканот“, го подигнала на 3. ниво.
Дадено е предупредување дека евентуалните нови ерупции би можеле да исфрлат карпести парчиња во радиус од 2 километри околу вулканот.
Островот Суваносеџима, кој има вулкански карактеристики, се наоѓа 230 километри јужно од јапонската префектура Кагошима.