свет

Ерменија предлага заедничка мапа на патот со Азербејџан за решавање на „прашањето за Карабах“

- „Упатувам директен предлог (до Азербејџан): да седнеме и да изработиме мапа на патот за тоа како да го решиме ова прашање“, изјави Пашинјан на прес-конференцијата во Германија

Burç Eruygur  | 11.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
Ерменија предлага заедничка мапа на патот со Азербејџан за решавање на „прашањето за Карабах“

ИСТАНБУЛ (АА) – Ерменскиот премиер Никол Пашинјан му предложи на Азербејџан усвојување на заедничка мапа на патот за затворање на прашањето за Карабах, јавува Анадолу.

„Упатувам директен предлог (до Азербејџан): да седнеме и да изработиме мапа на патот за тоа како да го решиме ова прашање“, изјави Пашинјан на прес-конференцијата во Германија, пренесе денес државната новинска агенција „Арменпрес“.

Неговата изјава доаѓа како реакција на соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи од вторникот, кое се однесуваше на усвојувањето на стратегиската агенда меѓу Ерменија и ЕУ претходно овој месец. Баку ја критикуваше формулацијата „Ерменци од Карабах раселени по воените операции на Азербејџан“ во документот, оценувајќи ја класификацијата „бегалци“ како „јасен пример за пристрасност против Азербејџан.

Опишувајќи ја темата за „враќање на Ерменците во Карабах“ како опасна, Пашинјан тврдеше дека решавањето на прашањето би значело „елиминирање на секоја потенцијална конфликтна ситуација“ на долг рок.

„Им кажав и на нашите луѓе од Карабах дека нивното враќање не е реално“, додаде тој.

„Ако продолжиме да ја одржуваме агендата за враќање, тоа значи дека повторно го рестартираме движењето за Карабах, а јас сум кажал дека не смееме да го рестартираме движењето. Движењето за Карабах заврши, а обидите да се оживее не се корисни.“

„Но, од друга страна, во Ерменија гледаме дека Азербејџан постојано го користи неразбирливиот термин ‘Западен Азербејџан’,“ додаде тој.

Азербејџан сè уште официјално не реагира на предлогот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.