Ruslan Rehimov
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
БАКУ
Главното обвинителство на Азербејџан соопшти дека ерменската армија синоќа извршила ракетен напад врз нафтоводот Баку - Тблиси - Џејхан што минува низ областа Јевлах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата се истакнува дека нападот бил спречен од азербејџанската армија.
Исто така се нагласува дека нафтоводот Баку - Тблиси - Џејхан е голем стратешки проект кој игра важна улога во енергетската безбедност на Европа.
Овој напад на ерменската армија е опишан како терористички напад.