Faruk Zorlu
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе ги посети Кувајт и Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Директоратот за комуникации на Турција се вели дека Ердоган ќе се состане со новиот емир на Кувајт, шеик Наваф ал Алхмад ал Џабер ал Сабах.
За време на средбата ќе бидат дискутирани и нивните ставови за регионалните прашања.
Ердоган исто така ќе изрази сочувство за смртта на поранешниот емир, шеик Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, кој почина минатиот вторник на 91 година, откако се лекувал во САД.
Подоцна во текот на денот Ердоган треба да патува во Катар каде што ќе се состане со емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани.
Тие ќе разговараат за можностите за понатамошно развивање на соработката која ја имаат двете земји, и исто така ќе разменат мислења за регионалните и меѓународните прашања.