Ekipa
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ЧАНДИГАР (АА) - Билансот на случаи на коронавирусот во Индија премина 6,7 милиони, откако во земјата во изминатите 24 часа се регистрирани 72.049 заразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во земјата сега достигна 6.757.131“, соопштено е од Министерството за здравство.
Исто така, пријавени се нови 986 починати од последици на вирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 104.555.
Бројот на случаи на дневно ниво во Индија покажува благ пад во споредба со првата половина на минатиот месец, кога во земјата беше евидентиран голем дневен раст од околу 90.000 случаи во текот на неколку дена.
Владата истакна дека поради високата стапка на излекувани, Индија е најдобра земја на глобално ниво со максимален број излекувани случаи.
Индија минатата недела издаде нови насоки за отворање на повеќе дејности во земјата. Според најновите упатства, од 15 октомври ќе се отворат мултиплекс-киносалите, но со 50 отсто од нивниот капацитет. Министерството за здравство објави и стандардни оперативни процедури во однос на превентивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 за време на одржувањето свечености.
Експертите во земјата велат дека Индија, според сериозноста на пандемијата, дури може да ги надмине и Соединетите Американски Држави (САД), најтешко погодената земја во светот.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, Индија е рангирана на второ место во светот по случаи на коронавирусот, додека е на трето место на глобално ниво по смртноста од вирусот.