Zafer Fatih Beyaz,Mümin Altaş
14 Мај 2021•Ажурирај: 15 Мај 2021
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека Турција нема да остане нема на израелските злосторства во Палестина, дури и доколку целиот свет тоа би го игнорирал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган присуствуваше на видеоконференцијата на која беа и претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) од сите турски провинции, а во обраќањето најави дека од понеделник Турција почнува да применува план на контролирана нормализација на животот во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19.
„Намера ни е до крајот на мај да продолжиме внимателно да се однесуваме, а од јуни планираме во значителна мерка да ги ублажуваме мерките и да го олесниме секојдневниот живот", рече Ердоган.
Тој исто така рече дека Турција води сметка со мерките на борбата против пандемијата да не ја загрози работата, имунизацијата и егзистенцијата на своите граѓани.
„Турција остана надвор од климата на криза благодарејќи на тоа што успесите на здравствениот систем и услугите проследени со социјална и економска поддршка. Порастот на инвестициите и работната сила и многу други показатели најавуваат подобро утре за нашата земја", рече Ердоган.
Турскиот претседател во пораката исто така ја коментираше актуелната ситуација на Блискиот исток и нападите кои израелските сили ги изведуваат во Газа.
„Со иста решителност се спротивставуваме на оние кои денес креваат рака на Ал Акса, токму како што покажавме и кога не дозволивме обид за воспоставување на терористички коридор долж нашата граница со Сирија. Долгот на честа на целото човештво е да се спротивстави на агресијата која Израел ја спроведува врз палестинските градови и Ал Акса. Оние кои се неми или дури отворено застануваат зад крвопролевањето кое го врши Израел треба д знаат дека еден ден и на нив ќе дојде редот. Таа терористичка држава ги надмина сите граници бесрамно ограбувајќи го градот во кој се наоѓаат муслиманските, христијанските и еврејските свети места. Ги повикуваме сите земји и институции да реагираат, без оглед на нивната верска или било која друга идентификација", порача Ердоган.
Ердоган рече дека Турција е тажна и бесна поради нападите кои Израел како терористичка држава ги изведува врз невините палестински деца, жени и стари лица.
Тој исто така рече дека Турција наспроти злосторствата во Палестина се однесува со исто внимание какво покажа и во текот на азербејџанската борба за ослободување на окупираните територии во Нагорно-Карабах.
„Нема да ги прифатиме израелските злосторства, токму како што не дозволивме ниту поделба на Либија, како што не ја заборавивме Сомалија кога сите тоа го правеа, токму како што не прифативме ниту анексија на Крим и токму како што го кревавме гласот против ѕверството во минатото во Босна и Херцеговина", рече Ердоган.
Турскиот претседател исто така порача дека Организацијата за исламска соработка (ОИС) ќе ја порекне сопствената егзистенција, доколку итно не заземат конкретен и ефикасен став наспроти израелските напади во Палестина.
„Советот за безбедност на Обединетите нации мора во согласност со одлуката на Генералното собрание да преземе чекори кон итно обезбедување на мирот и безбедноста во Кудс", порача Ердоган и додаде дека Турција е спремна активно да поддржи било која иницијатива на ОН и да преземе одговорност за мир.