свет

Во израелските напади убиени 34 палестински деца, вклучувајќи и петмесечно бебе

Израел изведува неселективни брутални напади врз палестинските цивили, кршејќи го така меѓународното право и човековите права

Dilan Pamuk  | 15.05.2021 - Обновена : 15.05.2021
Во израелските напади убиени 34 палестински деца, вклучувајќи и петмесечно бебе

АНКАРА

Најмалку 34 деца се убиени во неселективни и брутални напади кои Израел ги изведува од понеделникот (10 мај) на подрачјето на блокраната Газа и окупираниот Западен брег, а најмлада жртва е петмесечно бебе, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Палестина потврди дека во израелските напади се убиени 34 деца, вклучувајќи 31 во Газа и три деца во окупираниот Западен брег.

Израелските сили со ракета исфрлена со дрон на 10 мај го убија 15-годишниот Мухамед Сабер Ибрахим Сулејман и неговиот татко додека работеа на земјоделски имот кај градот Џабалие. Лекарите во болница соопштија дека Мухамед имал бројни повреди нанесени по целото негово тело.

Во друг израелски напад убиени се вкупно девет Палестинци, вклучувајќи и две деца и тоа 16-годишниот Мустафа Мухамед Махмуд Обаид и петгодишниот Сара Висам Ахмад ал Гарабли.

Истиот ден во нападот во Беит Ханун на крајниот североисток на Газа се убиени уште шестмина палестински деца и уште двајца возрасни цивили.

Меѓу убиените деца беа роднините на десетгодишниот Рахаф Мухамед Атала Ал-Масри и двегодишниот Јазан Султан Мухамед Ал-Масри, потоа браќата шестодишниот Марван Јусуф Атала ал-Масри, 11-годишниот Ибрахим Јусуф Атила ал-Масри, 11-годишниот Хусеин Мунер Хусеин Хамад и 16-годишниот Ибрахим Абдула Мухамед Хасанаин. Членовите на семејството Ал-Масри убиени се додека работеле на нива пред нивната куќа.

Наредниот ден во израелски воздушни напад се убиени уште три деца, а израелските авиони изведуваа жестоко бомбардирање на густо населените места ширум Газа.

Лина Ијад Фатхи Шарир (15) и двајцата нејзини родители се убиени во нападот во кој израелските бомбардери во потполност уништиле двокатна куќа во квартот Ал-Манара.

Двегодишната сестра Мина со тешки повреди е примена во Шифа болницата и животно е загрозена.

Уште две палестински деца, четиригодишниот Заид Мухамед Одех Телабани и 13-годишниот Хала Хусеин Рафат Рифи, убиени се во израелскиот воздушен напад во станбена зграда во квартот Салха во Тал Ал-Хави.

Во истиот напад убиена е и мајката на Телабани, Рима Телабани која беше во 5-месец на бременоста. Неговата двегодишна сестра Мириам се води како исчезната после тој напад.

Седумгодишниот Башар Ахмад Ибрахим Самур убиен е наредното утро во близина на пограничната ограда во Газа во местото Абасан Ал-Џадида. Израелските војници го убија додека се обидуваше да ги оспособи цевките за наводнување на посадена земјоделска површина.

Хамза Махмуд Јасин Али (12) им подлегна на повредите добиени од гелер на израелски проектил со кој во вторникот е изведен напад со дрон во квартот Шујаија.

Хамада Атиа Абед Ал-Емур (13), Амар Тајсер Мухамед ал-Емур (10) и Елјан Монер Ибрагим ал-Емур (12) беа цел на нападот кој израелски воен хеликоптер го изведе во Газа.

Хамада и Амар починаа на местото на нападот, а Елјан од вчера е во критична состојба во болницата Насер о Кан Јунис.

Во уште еден израелски воздушен напад убиен е и 13-годишниот Јахја Мазен Шехад Калифа. Повеќе лица се ранети во тој напад кој е изведен на главниот пат од Газа во Салах ал-Дин.

Во Кан Јунис се убиени тригодишниот Мухамед ет-Танани и неговите роднини Етхем (4), Емир (5) и Исмаил (6).

Петмесечното бебе Мухамед Зејн ал-Атар и неговите роднини Ислам (5) и Емире (6) убиени се во израелски напад во местото Беит Лахиа.

Двегодишниот Ибрахим ез-Зентиси и Ур ез-Замили исто така се убиени во израелски напади, токму како што во Џабалија е убиено и 17-годишното девојче Зачариа Алуш.

Рашид Ебу Ара (16), Саид Уде (16) и Зејф Фадил Мухамед Кајсије (17) се тројцата палестински малолетници кои животите ги изгубија во израелските напади на подрачјето на окупираниот Западен брег.

Според податоците на палестинското Министерство за информирање, во изминатите две децении во израелските напади се убиени повеќе од 3.000 палестински деца.

Израел и понатаму изведува брутални напади врз Газа, во кои е нанесена огромна материјална штета.

Палестинците во Кудс (Ерусалим) веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од квартот Шеик Џарах. Тензиите ескалираа откако израелските сили на 7 мај изведоа напади врз верниците во комплексот на џамијата Ал Акса.

Палестинските групи на израелските безбедносни сили им дадода рок да се повлечат до 18 часот на 10 мај од квартот Шеик Џарах и комплексот Ал Акса. Израелските сили не се повлекоа и продолжија со нападите, а палестинските групи почнаа со ракети да гаѓаат кон Израел.

Израелската војска покрена напади на Газа во кои се убиени најмалку 126 лица, вклучувајќи и 31 дете и 20 жени.

Паралелно, израелските сили и уапсија стотици Палестинци на територијата на Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın