Sinan Doğan
14 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
БОГОТА
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза, реагира против нападите на израелските сили врз Газа и упати апел до меѓународната заедница да направи чекор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ареаза преку својот профил на Твитер ја сподели снимката од моментот на погодување и рушење на деветкатната зграда во воздушните напади од Израел.
Тој нагласи дека Обединетите нации (ОН) треба веднаш да реагираат против овие напади.
„Веднаш треба да се реагира без да се зазема став против ниту една идеологија или религија. Апсолутно е неприфатливо“, рече тој.
Инаку, Министерството за надворешни работи на Венецуела на 11 мај преку писмено соопштение реагира против присилното раселување на Палестинците во населбата Шеик Џара во Источен Кудс и нападите врз Газа извршени од страна на Израел.