Ferdi Türkten
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со челниците на Малезија и Катар за израелските напади врз Палестинците, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека Ердоган со кралот на Малезија, Абдулах Ри'ајатудин ал-Мустафа Билах, разговарал за билатералните односи и за нападите на Израел врз џамијата „Ал-Акса“ и Палестинците.
Ердоган за време на разговорот изјавил дека „треба да бидат едно срце и еден глас против насилството и тираниите на Израел врз Палестинците“.
Тој напомена дека верува оти Турција и Малезија блиску ќе соработуваат за тоа прашање на сите меѓународни платформи, првенствено во Обединетите нации (ОН) и Организацијата за исламска соработка (ОИС).
Ердоган денес телефонски разговараше за израелските напади врз џамијата „Ал-Акса“ и Палестинците и со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани.
Турскиот претседател во таа прилика истакна дека се многу важни активностите што Турција и Катар заедно ќе ги преземат, со цел мобилизација на земјите од регионот и меѓународната заедница против нападите на Израел врз Кудс (Ерусалим), џамијата „Ал-Акса“ и Палестинците.