свет

Чавушоглу телефонски разговараше со јорданскиот и со египетскиот колега за случувањата во Кудс

Според дипломатски извори, Чавушоглу, кој сè уште престојува во посета на Саудиска Арабија, имал телефонски разговори со јорданскиот и со египетскиот колега за последните случувања во Кудс.

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 11.05.2021 - Обновена : 12.05.2021
Чавушоглу телефонски разговараше со јорданскиот и со египетскиот колега за случувањата во Кудс

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, и со шефот на египетската дипломатија, Самех Шукри, за случувањата во Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Според дипломатски извори, Чавушоглу, кој сè уште престојува во посета на Саудиска Арабија, имал телефонски разговори со јорданскиот и со египетскиот колега за последните случувања во Кудс.

Тие разговараа за можните чекори што е потребно да се преземат против израелската агресија над Палестинците.

Чавушоглу исто така телефонски разговараше за случувањата во Кудс и со колегите од Мароко, Иран, Алжир, Пакистан, Русија, Палестина, Тунис и Организацијата за исламска соработка.

Министерството за здравство на Палестина соопшти дека билансот на смртно настраданите во израелските напади на Газа е зголемен на најмалку 24, а дека се повредени 103 лица. Во соопштението се наведува дека меѓу 24-те шехиди што ги положиле животите биле и најмалку девет лица, а дека се ранети најмалку 103 лица.

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од квартот Шеик Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со напад се обиделе да ги разбркаат верниците од комплексот на „Ал Акса“.

Доцна синоќа израелската Војска соопшти дека извршува жестоки воздушни напади врз Газа и тоа како одговор на ракетните напади што претходно од Газа се извршени кон израелските градови. Според последните информации, во тие напади Израелците убија 24 палестински цивили, меѓу кои и девет деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın