Mehmet Tosun
09 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган преку видео линк разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турскиот Директорат за комуникации се наведува дека е разговарано и за елементите за унапредување на соработката на Турција и Германија, првенствено за односите на Турција и Европската унија (ЕУ).
Ердоган во текот на разговорот рече дека се решителни со позитивна агенда да ги унапредат односите на Турција и ЕУ и оти се надеваат дека во процесот кој води кон мартовскиот самит ќе бидат зајакнати контактите и ќе бидат одржани технички преговори.
Турскиот претседател додаде дека праведен и конструктивен пристап на ЕУ кон Турција е во корист на двете страни. Ердоган рече дека е потребно што поскоро да се преземат чекори за да на 18 март се ревидира договорот.
Тој ги повтори и очекувањата дека ќе биде одржан самитот Турција - ЕУ пред истекот на претседавањето на Португалија.