Esra Taşkın
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на свечена церемонија во Елисејската палата повторно е инаугуриран во шеф на државата за уште еден мандат откако победи на неодамнешните претседателски избори, известува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата присуствуваа околу 500 гости, меѓу кои и семејството на Макрон и поранешните претседатели на Франција, Никола Саркози и Франсоа Оланд.
Претседателот на Уставниот совет на Франција, Лоран Фабиус, го инаугурираше Макрон за претседател на Франција во наредните 5 години.
Фабиус рече дека новиот мандат на Макрон ќе започне на 14 мај.
Потсетувајќи на различните кризи со кои се соочи во првиот мандат, Фабиус му посака на Макрон успех во новиот мандат. Фабиус направи грешка при излагањето на бројките, додека Макрон во текот на церемонијата го објаснуваше бројот на гласови што ги добил на изборите.
На Макрон во текот на церемонијата му е врачен орденот „Легија на честа“ „Legion d'Honneur“, најголемото државно одликување, што го носел и Наполеон I.
Макрон зборуваше за своите желби за иднината на земјата и вети подобар за живот и помоќна Франција.
Макрон (44) е трет претседател на Франција кој е реизбран на таа функција и прв во последните 2 децении. Затоа, првпат по 2002 година, не е одржана церемонија за примопредавање на претседателската должност.
Пред Макрон, само поранешните претседатели Франсоа Митеран и Жак Ширак биле претседатели со по два мандати.