Lokman İlhan
18 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
БОГОТА (АА) - Во југозападниот дел на Колумбија дојде до експлозија на минибус што бил во движење. Од експлозијата животот го загубиле 7 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во колумбиските медиуми, во југозападниот дел на земјата, во минибус што се движел на релацијата Пасто - Кали, настанала експлозија во руралните делови на департментот Каука.
Од експлозијата починале 7-те лица што се наоѓале во минибусот, а повредени се и неколку лица во возилата што се движеле во близина на минибусот.
Генерал Хорхе Исакс Хојос Рохас за локалните медиуми изјави дека во тек е истрага за настанот на местото на несреќата, но истакна дека не станува збор за терористички напад.