Gökhan Kavak
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Според првичните сознанија, 15 лица загинале како резултат на експлозијата на вулканот Њирагонго, што се наоѓа во источниот дел на Демократската Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), поради активирањето на вулканот, во земјата мигрирале над 25.000 лица.
Во соопштението се вели дека вулканот се активирал во саботата, и дека според првичните сознанија загинале најмалку 15 лица.
Поради експлозијата на вулканот Њирагонго, што се смета меѓу најактивните вулкани во светот, 5.000 лица се засолниле во соседната земја Руанда.
По експлодирањето на вулканот, властите почнаа со евакуација на населението од ова подрачје.
Инаку, во експлозијата на овој вулкан во 2002 година загинаа најмалку 250 лица, додека 120.000 лица беа принудени да мигрираат.