Hasan Esen
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
ЛОНДОН
Активистка на „Black Lives Matter“ Саша Џонсон во Велика Британија е хоспитализирана и е во критична состојба откако беше застрелана во глава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со голема тага ве известуваме дека нашата Саша Џонсон се здоби со прострелна рана во главата“, соопшти Партијата за преземање иницијатива на Фејсбук.
Се додава дека Џонсон (27), мајка на три деца, била нападната во вчерашните рани утрински часови по голем број смртни закани.
Активно бранејќи ги правата на црномурестите луѓе, таа е член на Движењето „Black Lives Matter“ и на Извршниот комитет за лидерство на Партијата за иницијатива.
„Ајде да се собереме сите заедно и да се молиме за Саша, да се молиме за нејзино закрепнување и да ја покажеме нашата поддршка на нејзиното семејство и блиските“, додаваат од партијата.
Полицијата побара помош од оние што знаат нешто за нападот врз Џонсон.
„Сите се надеваме дека оваа млада жена ќе закрепне. Нашата истрага е во рана фаза и во тек е истрага за утврдување на околностите [на нападот]“, рече главниот инспектор, детектив Џими Теле, во изјавата за британскиот печат.
„Ова е шокантен инцидент што остави една млада жена со многу сериозни повреди. Нашите мисли се со нејзиното семејство, на кое им се пружа поддршка во ова страшно тешко време“, рече Теле.