Murat Temizer
14 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
Настана експлозија во главниот цевковод што се наоѓа во подрачјето на Пасвалис во Литванија и носи природен гас во Латвија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Балтичката новинска агенција (БНС), како резултат на експлозијата во гасоводот се појавил пламен висок 50 метри.
Исто така, бројни противпожарни и спасувачки тимови работат во подрачјето по настанатата експлозија.
Се вели дека овој цевковод носи природен гас во северниот дел на Литванија и во Латвија.
Меѓу другото, министерот за клима и енергетика на Латвија, Рајмондс Чударс, нагласи дека не е настанат некој проблем во снабдувањето со природен гас во Латвија.
Чударс рече дека проблемот ќе се реши за неколку дена и дека нема жртви во оваа експлозија.