Muhammet Tarhan
14 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
Шведски професор извршил дискриминација кон турска студентка со образложение дека „Туркије го блокира членството на Шведска во НАТО“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „TRT World“, Фатма Зехра С., студентка по психологија на Универзитетот „Ибн Халдум“ во Истанбул, во рамки на програмата Еразмус+ доби право да изврши практика во една образовна установа во Европа во летниот период 2023 година.
Студентката на 23 ноември 2022 година испратила порака преку имејл за тоа дека сака да учествува на проектот за истражувања што го води професорот Пер Карлбринг од Универзитетот во Стокхолм.
Карлбринг на барањето на студентката одговори на следен начин: „Почитувана Фатма, би сакал да те угостам, но морам да го одбијам твоето барање поради тоа што Туркије го блокира влезот на Шведска во НАТО. Жалам.“
Фатма даде изјава за „TRT World“ во врска со случајот, во која нагласи дека ова што го доживеала најверојатно е само „врвот на ледениот брег“, и дека можно е и другите студенти кои аплицирале на универзитетот да добиле сличен одговор.
„Бев шокирана кога го добив овој одговор“, истакна Фатма, додавајќи дека ѝ било потребно долго време за да го прифати случајот.

Таа рече дека сè уште не добила официјално извинување од професорот Пер Карлбринг и дека овие мерки не се доволни.
„Се надевам дека ќе ми упати извинување, но не испрати извинување. Разочарана сум во оваа насока. Според мене, овој акт е детски, расистички и навистина недоличен“, додаде Фатма.
Таа информира дека и покрај ова негативно искуство, била прифатена од друг професор на Катедрата за психологија на истиот универзитет и дека во летниот период планира да продолжи со практиката.
Студeнтката на 5 декември до Универзитетот упатила жалба за дискриминација, во која нагласила дека одговорот на професорот е „базиран на политички ставови, и дека тој покажал дискриминирачки став, дури дека тоа е целосно расистички“.
Торун Линдхолм Ујмир, заменик-шеф на Катедрата по психологија при Универзитетот во Стокхолм, упатил писмо со извинување до Фатма поради случајот.
Ујмир во писмото нагласи дека овој акт на професорот Карлбринг е недоличен и погрешен.
Во врска со случајот реагираше и шефот на Катедрата по психологија при Универзитетот во Стокхолм, Фредерик Јонсон.
„Добиваме бројни апликации од студентите кои со нас сакаат да работат како стажист истражувач. Не ги прифаќаме сите овие апликации, но се надеваме дека на сите барања ќе биде одговорено на професионален начин. Во овој случај, откако дознавме за случајот, веднаш направиме чекор“, нагласи Јонсон.
Од друга страна, професорот Карлбринг не одговори на прашањата.