Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
24 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку седум цивили загинаа, а 25 се повредени во експлозија во близина на болница во сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Цивилниот центар за одбрана во Идлиб, Мустафа Хач Јусуф за Anadolu Agency (AA) потврди дека експлодирал автомобил полн со експлозив во близина на болницата во Идлиб.
„Според првите информации, загинаа најмалку седум лица, а 25 лица се повредени", рече Јусуф.
Повредените во нападот се префрлени во болниците, а поради експлозијата, биле оштетени згради и автомобили во непосредна близина.